Wednesday, June 30, 2010

Златни сандали од сто илјади фунти!



Доколку мислевте дека брендовите како Jimmy Choo и Christian Louboutins се скапи што ќе кажете за делото на House of Borgezie – потпетици целосно изработени од злато и дијаманти кои чинат неверојатни. 100 илјади фунти.
Интересно е да се забележи дека сандалите со ултра висока потпетица се целосно изработени од злато на кое се вметнати 2200 дијаманти во вредност од 30 карати.
За создавањето на овој специфичен модел, креаторот Кристофер Мишел Шелис потрошил три години, а сандалите се наменети за летни балови, раскошни венчавки како и за црвениот килим. Иако цената е и повеќе од солена, сепак можеби за утеха е фактот што имаат гаранција од 1000 години.





www.facebook.com

Thursday, June 24, 2010

Уникатни дизајнерски штикли!







Дали постои девојка која не сака чевли. Илјадници чевли со високи штикли. Ова овде се вистински мали ремек дела на потпетици.

За секоја вистинска обожавателка на модата да остане подзината.

Што би одбрале: Charlotte Olympia со црвено бела шара на 14 сантиметри, или леопардовскиот модел на Dolce & Gabbana кој ќе ве направи за 11 сантиметри повисоки?




www.facebook.com

Monday, June 21, 2010

Обувки – пролет/лето 2010




Трендовите кај обувките за сезоната пролет/лето 2010 нудат за секого по нешто. Некои од нив беа прифатени и во минатите сезони, некои ќе се обидат да направат кам-бек по долги години отсуство, а некои допрва ќе се борат за место во женските плакари.

Без разлика каков модел ќе изберете, боите на оваа сезона се: крем, корална, портокалова, тиркизна, бела, светло-розова, кафеава, жолта и зелена. Деталите се особено важни, затоа што благодарение на нив ќе можете да внесете уникатност во стилот.

За најхрабрите, еден од најголемите хитови оваа сезона е носењето на сандали во комбинација со чорапи со различна должина. Иако е малку невообичаено и некогаш се сметаше како најголем моден грев, многу светски дизајнери го воведоа во своите колекции пролет/лето 2010.



www.facebook.com

Чизми до глуждовите со отвор кај прстите!

Еден од најголемите хитови оваа сезона се чизмите со висина до глуждовите, а кои се отворени кај прстите. Иако времето е потопло, чизмите до глуждови се задржуваат од минатата сезона. Единствено се разликуваат боите и материјалите од кои се изработени, затоа што се значително потенки.

Убавото на овие т.н. летни чизми е што одговараат на секаков тип облека. Може да се каже дека сите разновидности на овој вид чизми се „ин“ – со високи потпетици, со различни детали како пердуви или реси, со платформа или пак со многу ремчиња.


www.facebook.com

Кломпи!

Овој тренд може и да ве изненади ако не сте ја виделе колекцијата пролет/лето на Шанел. Кломпите долго време не биле модерни, но оваа сезона ќе се обидат да го направат својот кам-бек.

Бидејќи самите модели не се елеганти, може да се каже дури и нападни, потребно е да внимавате со изборот на боите. Се препорачува кломпите да бидат во неутрални бои. Претпочитајте ја светло-кафеавата, крем нијансите или светло-розовата боја.


www.facebook.com

Нестандардни балетанки!

Обожавателките на балетанки оваа година треба да избираат нестандардни модели со многу детали или пак модели кои ги прикриваат глуждовите.

Доколку имате убаво тонирани нозе, можете да ги носите со кратки панталони или фустанчиња или пак со фармерки тип „цевка“. Модерна алтернатива на балетанките се чевлите и сандалите со мала штикла.


www.facebook.com

Чевли во машки стил!

Обувките во машки стил продолжуваат да бидат актуелни и оваа пролет. Спојот помеѓу женственоста и машкоста создава модерни обувки. Ако сакате да оставите впечаток со својот стил, можностите за избор на ваков тип обувки се неограничени.

Одлично се вклопуваат во формалната бизнис облека, но неодоливи се во комбинација со типска суќна или панталони.


www.facebook.com

Чевли тип "Мери Џејн“!

"Мери Џејн“ е американски термин за чевли или сандалки кои имаат ниска потпетица, заоблени се кај прстите и имаат едно ремче кај глуждовите. За оние кои го сакаат класичниот изглед, ова се совршените обувки.

Оваа сезона чевлите од овој тип се модифицирани. Височината на потпетиците варира, а исто така и дебелината на ремчето. Класичната црна боја е заменета со посвежи или неутрални бои.


www.facebook.com

Чевли за лето 2010






Ви ги претставуваме најдобрите и најатрактивните чевли, сандали од понудата на водечките светски модни куќи за лето 2010. година.

Пред вас се чевли за сечиј вкус, како и за послабите и за посилните паричници. Од релативно ефтини модели со популарни и пристапни етикети на Манго, Гап, па се до гламурозните парчиња од престижните брендови.

Цена 40-70 €


www.facebook.com

Сандали на платформа




Сандалите на висока потпетица никогаш не излегуваат од мода. Сепак, кога станува збор сандалите на платформа тие не секогаш се толку актуелни. Ова лето платформата повторно се враќа во мода. Во прилог ви нудиме неколку совети како да ги комбинирате овие сандали и да изгледате беспрекорно.

Платформата одлично одговара со широка облека. Со многу тесна облека обично изгледаат премногу гломазно, а освен тоа може да го уништат целокупниот стајлинг. Затоа комбинирајте ги со ѕвоно здолништа, долги фустани и фустани на преклоп. Се препорачува да избегнувате облека која строго ја прати линијата на телото. Во црвенета зона влегуваат и три четврт панталоните и оние кои се со ѕвонест крој. Ако вашата облека е светла никогаш не облекувајте премногу темни сандали на платформа.Овие сандали се како создадени за жени со дебели листови чии нозе ќе изгледаат визуелно потенко. Од друга страна не се препорачуваат кај жени со тенки и долги нозе. Сепак, ако моделот што сте го избрале има ременче околу зглобот тоа ќе ја скрати ногата, па можете да си дозволите да носите вакви сандали.

Цена 30-50 €


www.facebook.com

Гладијаторки




Минатото лето започнаа да бидат актуелни, но ова лето ќе бидат вистински хит. Гладијаторките или како што уште се нарекуваат и римјанки се одличен одмор за нозете од високите потпетици. Во текот на жешките денови одлично одговараат во комбинација со кратки панталони, долг широк фустан или пак со модерен комбинезон со кратки ногавици. Ако лани бевте меѓу тие што вклучија еден тип вакви сандали во својот плакар, оваа година ќе можете да се уверите дека ви биле разумна инвестиција.


Уште едно модно парче кое за мажите не е атрактивно и секси, а девојките ги обожаваат. Станува збор за гладијаторките. Сандалките кои потсетуваат...



...на оние кои ги носеле гладијаторите и понатаму се голем летен хит. Како рамни, така и оние на висока потпетица.

Што е толку супер кај нив?

Изгледаат убаво на нозете и даваат посебност на секој стил. Можете да ги комбинирате со елегантни и со откачени комбинации.

Она што им е и оваа сезона заедничко е дека ги има и во весели и живи бои, со камчиња и други украси, а неколку модели се и со мала полна штикла.

Цена 15-35 €





www.facebook.com

Кристијан Лубутин



Цена: 2000 €


www.facebook.com

Кристијан Лубутин


Гуруто – кога се во прашање женските чевли, Кристијан Лубутин, ја претстави својата нова рекламна кампања за есенската колекција на чевли.

Очигледно на овој дизајнер и тоа како му се допаднал филмот на Тим Бартон – „Алиса во земјата на чудата“ затоа што неговите чевли на фотографиите истражуваат сосема поинаков свет.
Во соработка со Khuong Nguyen создадена е кампањата под името „Winter Tales“ во која освен елементи од Алиса, се вплеткани елементи и од останатите познати бајки како Снежана, Малата Сирена и Пепелашка.
Веруваме дека оваа бајка и тоа како ќе ви се допадне.
Цена: 1500 €


www.facebook.com

Шокантни Штикли


Сите сакаат да изненадат и да шокираат.
Во прилог на ваквиот изглед се појави необична линија на обувки. Ги произведува романецот Mihai Albu, попознат како “архитект за обувки“. Со оглед на тоа дека неговите креации се високи како зграда – му одговара надимакот.

Цена: 1000 €


www.facebook.com